Руските сепаратисти во Украина се согласија на мир

Проруските сепаратисти во источна Украина се согласија на одржување мировни преговори за запирање на конфликтот, јави украинската агенција Интерфакс.

- Постигнат е договор за одржување на прв круг преговори на 27 јуни во Доњецк, изјави претставникот на доњецките сепаратисти Андреј Пургин.  

Во исто време, украинскиот претседател Петро Порошенко, кој се наоѓа во Стразбур, изјави дека бил информиран оти „бунтовниците се подготвени да се сретнат со т.н. Контакт група за надминување на конфликтот во источна Украина“.

Порошенко истакна и дека Киев би може да не го продолжи едностраниот прекин на огнот, кој истекува утре, доколку не биде задоволен од резултаите од најавените утрешни преговори во Доњецк.

- Ова е многу важен ден за нас. Ако нашите услови од мировниот план не бидат прифатени, тогаш ќе донесеме многу важна одлука, рече Порошенко. 

26.06.2014 - 17:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега