Проект на УСАИД за обука за микропретпријатијата од Гевгелија

За микропретпријатијата од општина Гевгелија денеска се одржа обука во рамки на УСАИД проектот за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки.

На обуката, што ја водеше координаторот на проектот Јетон Красниќи, присуствуваа вработени во претпријатијата од општина Гевгелија, кои се на списокот на 200 микропретпријатија  во Македонија, на кои им се обезбедува бесплатна обука, секојдневна асистенција и стручни консултации при изработка на тендерски документации и при објавувањето на огласите за јавни набавки.

Проектот се спроведува од 2012 до 2015 година во 20 општини од вардарскиот и источниот регион со цел добрите практики да се прошират низ целата држава.

26.06.2014 - 17:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега