Најниска плата во земјоделството 10.650 денари

Вкупно 10.650 денари ќе биде најниската плата во секторот земјоделство. Ова е договорено со Спогодбата што ја потпишаа Агро-синдикатот на Република Македонија здружен во Сојузот на синдикатите како репрезентативен синдикат во дејноста тутунско стопанство и репрезентативното здружение на работодавачите при Организацијата на работодавачи од истата дејност.

- Овој износ претставува пресметковна вредност при пресметување на платите согласно коефициентите на сложеност утврдени во колективниот договор. Во првата група на работни места која се однесува на работници во работен однос на неопределено време, за најниското работно место основната нето плата изнесува 12.780 денари, соопшти Агро- синдикатот.

Склучен е и Колективен договор за истата дејност со кој се изврши усогласување и продолжување на постоечкиот колективен договор за вработените во тутунското стопанство со општо колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството и најновите измени на Законот за работни односи. Пречистениот текст на колективниот договор наскоро ќе се објави во Службен весник. 

26.06.2014 - 15:34
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега