Продолжува успешната театарска традиција - Велес доби нов театар

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска денеска официјално го отворија новиот објект на театарот во Велес.

Објектот е изграден на 4.200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена со можност да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор од големата сцена е од модуларен тип со три оркестарски и осум сценски платформи кои овозможуваат лесна, брза, безбедна трансформација и конфигурација на основниот сценски простор. Објектот располага со опрема и уреди, аудио и видео системи од врвни светски производители, со можност за презентација на театарски дела со ефект и квалитет како во најсовремените театри во Европа и светот, со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од која било светска продукција.

Новиот театар во Велес значи продолжување на успешната театарска традиција на овој град и подигнување на стандардите на театарската дејност, но овојпат во еден репрезентативен театарски објект со простор кој ги задоволува светските стандарди, но и сценски простори со современи технолошки системи во кои ќе се негуваат уметноста и културата и ќе се реализираат содржини од сценско-уметнички дејности со високи технички перформанси.

Во рамки на посетата премиерот Груевски изврши увид на градежните работи на реконструкцијата на мостот Гемиџии чија реконструкција почна во февруари годинава. Ова е прва негова посериозна и целосна санација, а инвестицијата е во вредност од близу 32 милиони денари. Санацијата се одвива во неколку фази и предвидено е да трае една година.

Премиерот во Велес го пушти во употреба и модернизираниот градски стадион на кој се исполнети сите услови за играње меѓународни натпревари. На стадионот е заменета тревата со вештачка, а ќе се обноват и трибините.

Во рамки на посетата во Велес премиерот присустуваше на пуштањето во употреба на новоизградениот парк „Васил Главинов“.

26.06.2014 - 14:15
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега