Ако не добие повик од новиот селектор, Пирло ќе ги закова репрезентативните копачки на ѕид
Феноменалниот магионичар од средниот ред на Италијанската фудбалска репрезентација Андреа Пирло и покрај тоа што не е докрај сигурен многу веројатно е дека ќе го закова националниот дрес. Играчот на Јувентус освен ако не добие повик од новиот селектор ќе се збогува со репрезентација, но засега искусниот ветеран нема намера да игра за „бјанконерите“.
- Одлучив за сега да ја напуштам репрезентацијата, но можеби ќе се вратам ако ме повика новиот селектор, изјави Пирло за „Кориере дело Спорт“.
35-годишниот Пирло ги бранеше боите на Италија од 2002 година наваму на 112 натпревари и има постигнато 13 голови.
Италија на Мундијалот во Бразил беше елиминирана уште по групната фаза. Прво ја победи Англија со 2:1, а потоа загуби од Костарика со 1:0 и од Уругвај исто така со 1:0. По ова следуваше оставка на селекторот Чезаре Прандели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа