Намален бројот на умрени од насилна смрт

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, бројот на умрените лица од насилна смрт во Македонија во 2013 година е намален за 5,5 проценти во однос на претходната година и изнесува 552 умрени лица.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.9 отсто. Според полот, во 2013 година како и во претходните години, умрени од насилна смрт  поголемо учество имаат машките лица со 73.9 проценти.

Во вкупниот број на случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 65.9 отсто, самоубиствата со 30.8 проценти и убиствата со 3.3 отсто.

Во категоријата несреќни случаи најголемо учество со 26.3 проценти, имаат умрените лица од транспортни несреќи.

Во категоријата самоубиства најголемо учество со 18.3 отсто, се случаите кај кои што смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација во однос на вкупниот број на случаи од насилна смрт.

Во категоријата убиства најголемо учество од 1.6 проценти имаат случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување на телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје.

26.06.2014 - 13:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега