Скопје Сити Мол продолжува со изненадувања - денеска ќе се пазарува до полноќ

Скопје Сити Мол со уште едно изненадување за посетителите. Денеска во 17 часот ќе стартува традиционалниот Late Night shopping, кој оваа година ќе биде надополнет со многу музика, многу забава, модна ревија и многу дополнителни активности и изненадувања. Посетителите денеска ќе можат да пазаруваат се до полноќ.

Од шопинг центарот најавуваат и вредни подароци кои ќе се доделуваат на секој час, со регистрација на сметките од шопингот на инфо пултот. Најголемите сметки ќе добиваат подароци маички со автограм од Billy Idol, како и влезници за неговиот претстоен концерт во Скопје. 

 

26.06.2014 - 12:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега