Градот со големина на орев направи хаос во делчевско

Невремето направи голема штета во делчевско. Според сознанијата на стручните лица во Агенцијата за поттикнување на земјоделството, градот кој бил со големина на орев нанел огромни штети на градинарските култури, на тутунот и на овоштарниците. Најпогодени се земјоделците од каменичките села Саса, Моштица, и Косевица и селата во општината Делчево: Ветрен, Селник, Полето и Свегор.

Најголеми штети од невремето ќе претрпат овоштарите, особено производителите на вишнa, чија берба треба да започне по неколку дена.

Според првичниот увид, на плантажите под вишни на комбинатот „Рудине“ оштетувањата достигнуваат до 25 проценти од родот или  40 тони помалку од очекуваните приноси. 

26.06.2014 - 12:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега