Груевски во “инспекција“ на мостот Гемиџии

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски денеска во рамки на работната посета на Велес изврши увид на градежните работи на реконструкцијата на мостот Гемиџии.

Првата посериозна реконструкција на мостот Гемиџии стартуваше во февруари годинава. Инвестицијата е во вредност од околу 32 милиони денари.

Мостот е изграден во периодот меѓу 1958 и 1960 година, долг е 172 метри, широк 11,3 метри, а ширината на коловозот е седум метри. Досега овој мост не претрпел целосна санација.

Реконструкцијата се одвива во неколку фази и според предвиденото, треба да трае една година.

Mостот имаше видливи оштетувања на бетонските површини, коловoзите и тротоарите.

Груевски денеска со богата агенда во Велес. Тој ќе присустува и на пуштањето во употреба на Градскиот стадион, новоизградениот парк „Васил Главинов“ и новиот објект на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“.

26.06.2014 - 12:27
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега