Крушевско: Сакал да ожени малолетничка - завршил во полиција

Полиција поднесе пријава против Н.А. од село Дебреште бидејќи живеел вонбрачно со малолетно девојче. 

Н.А. бил во љубовна врска со малолетно девојче од село Житоше, кое отишло да живее во неговиот дом. По некое време, одлучиле да се сокријат и се преселиле во куќа на роднина на Н.А. Откако дознале дека полицијата ги бара, доброволно се пријавиле во полициската станица „Ропотово“. Девојчето било предадено на родителите.

 

26.06.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега