Малата Надица е здрава - чека семејство што ќе ја посвои
Малата Надица е здраво дете. Ги надмина сите проблеми со срцето. Девојчето родено со срцева мана и напуштено од родителите успешно ја помина и третата операција.
По двете интервенции во Бугарија неодамна Надица е оперирана во Скопје. Зафатот траел повеќе од 7 часа. Во тимот предводен од познати американски неонатални кардиохирурзи учествувале и македонски лекари.
-Многу ми е драго што учествував во тимот кој го оперираше оваа детенце. СЕ работи за најкомплексната неонатална кардиохируршка интервенција- транспозиција на големи крвни садови. Се направи оперативен зафат каков што заслужуваше оваа девојче, вели д-р Владимир Чадиковски, детски хирург и дел од тимот кој ја оперираше маалата Надица.
Сега Надица која има скоро една година е комплетно здрава. Ова го покажале сите контролни прегледи. Идната недела уште еднаш ќе ја прегледаат американските хирурзи кои викендов поовторно доаѓаат во земјава.
-Надица е во одлична состојба. Сега е здраво дете кое е подготвено да си го живее животот најубаво што може. Ги чекаме колегите да дојдат повторно и да прегледаат и оперираат и други деца со случни проблеми како што имаше Надица, вели д-р Аспазија Софијанова,директор на Клиниката за детски болести.
Но и покрај позитивните резултати за нејзината здравствена состојба сеуште никој не е заинтересиран да ја посвои, бидејќи поради операциите на срцето во регистарот на посвоеници е запишана со средно отстапување во развојот.
-До сега неколку пати беше понудена на посвојување. До овој момент сеуште немаме најдено соодветно семејство-посвоители, вели Спиро Ристовски, министер за труд и социјала.
Додека да биде посвоена за надица останува да се грижат вработените во домот за доенчиња во Битола.