Нови Баланс+ функционални оброци од Бимилк

 

Бимилк ја збогати линијата на „Баланс+“ пробиотскиот јогурт со нови „Баланс+“ оброци со три различни вкуса. Отсега потрошувачите освен класичниот „Баланс+“ пробиотски јогурт ќе можат да изберат и „Баланс+“ со сува слива и трици, „Баланс +“ со јаболко, цимет и ванила и „Баланс+“ со круша и смоква.

Вбројувајќи се во редот на функционални производи, „Баланс+“ оброците се пробиотски ферментирани млечни производи збогатени со хранливи состојки и растителни влакна кои произлегуваат од природните својства на сливата, крушата, јаболкото и смоквата. Секој од „Баланс+“ оброците содржи единствена комбинација на овошни парчиња избалансирани во кремастата структура на јогуртот.

 

Покрај основната функција и улога која ја имаат во намалувањето на дигестивните тегоби и подобрување на цревната флора, Баланс+ оброците придонесуваат и за надополнување на енергетските потреби, за активен метаболизам и виталност на организмот. Тие се во функција на денешното динамично секојдневје и одговор на потребата од здрав и вкусен појадок или ужина.

26.06.2014 - 11:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега