Каракамишева го праќа „офарбаниот палец“ на Уставен суд

 

Професорката Татјана Каракамишева поведува иницијатива пред Уставниот суд за укинување на законската одредба за бележење на палецот со видливо мастило за време на гласањето за избори, пишува Дневник.

Вели дека на ваков чекор се решила бидејќи со бележењето се прекршуваат најмалку 5 члена од Уставот.

„ Нема поголема провокација да се поведе иницијатива пред Уставен суд за укинување на оваа законска одредба од револтот на граѓаните што го видов секаде во текот на претседателските и парламентарните избори. Немаше човек што не ми пријде да ме праша кој го смисли ова решение и зошто јас како професор по уставно право не реагирам ваквата одредба да се тргне од Изборниот законик. 
Ми требаше многу енергија и време да им објаснам дека ова не е мое решение. Но и поради нејзината спротивност со многу документи што ги регулираат и заштитуваат слободите и правата на човекот и на граѓанинот во европското и во меѓународното право - вели професорката за мотивите да тргне во институционална битка против оваа одредба по волјата на СДСМ“ - изјави Каракамишева за Дневник

Таа за оваа одредба од Изборниот законик вели дека е малку да се опише како ги уназадиле демократските процеси во земјава, односно вели дека штетните последици од нејзе се огромни.

- Видливото обележување е најсрамното законско решение што граѓаните го имаат видено во 23-годишната плурална и демократска историја на земјава, и да е парадоксот поголем, како законско решение не се појави на самите почетоци од градењето на демократскиот амбиент, кога можеби и ќе можевме некако да го оправдаме, поради недостатокот од искуство и знаење, туку дојде по 23 години практикување и функционирање на демократијата – вели Kаракамишева-Јовановска за весникот.

26.06.2014 - 10:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега