Топузова - Каревска официјално тргната од функциите во ЛДП

Централниот одбор на ЛДП синоќа едногласно одлучил да ја исклучи Роза Топузова - Каревска од Извршниот одбор на партијата и да ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП.

Топузова - Каревска на предвремените парламентарни избори се најде на високото трето место во Изборната единица 4 на листата на опозициската коалиција. Таа по изборите одлучи да не го почитува ставот на ЛДП и да го врати пратеничкиот мандат. Лидерот на ЛДП потенцираше дека Топузова-Каревска во Собранието може да ги застапува своите ставови, но не и да ја претставува партијата.

26.06.2014 - 09:56
Фото: 
Утрински
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега