Бора Чорба ќе се жени со 22 години помлада девојка

 

Фронтменот на групата Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ пред два ипол месеца се разведе од сопругата и веднаш е подготвен за трет брак.

Бора  за време на одморот на Малдивите каде бил со некоја непозната девојка, ја побарал за жена но сега за сега не се открива ни која е девојката ни деталите околу свршувачката. 

- Си реков себеси дека не сум уште за фрлање. Одлично се забавуваме на Малдивите. Таму бев со млада свршеница и навистина уживав. Имавме базен во близина на бунгаловот, но јас се капев во океанот. Сакам да се фотографирам, па можете да видите колку е таму убаво. Бунгаловите се поскапи, дневно чинат по 200 евра, па не бев таму, но сосема сум задолволен со апартман на брегот. Бевме сместени на еден од 1.200 острови кои го сочинуваат архипелагот Малдиви. До главниот град Мале се лета со хидроглисер, и тоа е особена атракција. Испробавме и да ловиме риба, свршеницата улови две, јас четири риби. Тоа беше рекорд во групата во која бевме. Локалните жители потоа тие риби ги испекоа на скара и убаво се најадовме– вели Бора.

26.06.2014 - 09:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега