Ограбувала банки за сопругот да не дознае дека останала без работа
Верувале или не, една Американка ограбувала банки за да не му каже на својот сопруг дека останала без работа. Се работи за 28-годишната Никол Лехар која не сакала да го разочара својот сопруг признавајќи му дека останала без работа, па земала кредити за секој месец од нив дома до носи плата, и да може да покрие други кредите кои од претходно ги земале со сопругот.
Откако нејзините долгови во банка станале огромни и веќе не сакале да и даваат пари, жената отишла со маска на главата во банка, подала ливче на кое пишувало дајте ми ги парите или ќе ве убијам, имам пиштол, и земала голема сума на пари, но била уапсена за 15 дена, откако повторно се обидела да изврши грабеж.
На суд жената изјавила дека се кае, а по една недела и била понудена работа во книжарница.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа