Дехари: Ги отпуштив Македонците кои работеа хонорарно

 

Градоначлникот на Кичево, Фатмир Дехари ги обвини медиумите дека врпат пресија врз општина Кичево, по објавата дека отпуштал само Македонци.

- Македонските медиуми имаат тенденција да прават пресија врз Општина Кичево. Тие треба проблемот да го барат на друго место. Општина Кичево е во тешка финансиска состојба, со големи долгови, кои ќе ги објавам наредните денови. Имаме преголем број вработени кои дојдоа од претходните општини. Не се работи за отказ на вработени со редовен однос, но за 10-15 лица, кои беа политички манипулирани од претходниот градоначалник за предизборниот период, кои ги вработувал по договор на одреден период. Значи, се работи за вработувања извршени во јануари-февруари и за политички манипулирани лица - објаснува Дехари во изјава што ја пренсе Плусинфо

Тој демантира дека деновиве се поставени нови албански знамења на патот кон селото Зајас.

- Со моја наредба е поставено албанското знаме пред општината, а за другите знамиња, тоа не е точно, оти граѓаните нив сами ги поставиле пред неколку месеци, оти тоа им било волја - вели Дехари.

најчитано сега