Примопредавање на новата зграда на Велешкиот театар
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во 12 часот ќе се обрати на свеченоста по повод примопредавањето на новата театарска зграда „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, инвестиција која беше предвидена во програмата на македонската Влада и на Министерството за култура.
На свеченоста на која ќе биде и изведен и театарски перформанс, меѓудругото, свое обраќање пред присутните ќе имаат и заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, како и директорот на велешкиот театар Јордан Витанов.
26.06.2014 - 08:33
Фото:
МРТ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа