Зидан стана тренер

Фудбалскиот ас Зинедин Зидан следната сезона ќе биде тренер на Б тимот на Реал Мадрид кој се натпреварува во Третата шпанска лига.

Зидан неуспешно преговараше летово со својот поранешен клуб француски Бордо, а потоа ја прифати понудата на претседателот на Реал, Флорентино Перез и ќе ја води екипата на Реал Кастиља, која годинава испадна од Втората лига.

Зидан  изминатата сезона ја мина како спортски директор на Реал Мадрид, а шпанските медиуми наведуваат дека преземањето на Б тимот на „кралевите“ е само чекор до неговата крајна цел – водење на најсилната екипа.

25.06.2014 - 17:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега