Почина актерот Ели Валач
Актерот Ели Валач, најпознат по улогата во култниот шпагети вестерн „Добриот, лошиот и грдиот“, почина во 99-та година од животот.
Информацијата за смртта на актерот ја потврди неговата ќерка Катерина.
Валач, кој е добитник на наградите „Еми“ и „Тони“, првпат се појавува на големото платно во 1956 година во филмот „Bady Doll“, по што нанижа улоги во дури 80 филмски проекти.
Секако не треба да се заборават и телевизиските („Dear Friends“) и театарските улоги („The Rose Tatto“) за кои е и наградуван, а во 2010 година доби „Оскар“ за животно дело.
Валач во 2005 година ја има обајви автобиографијата „The Good, the Bad and Me: In My Anecdotage“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа