Нема да ви се верува колку нафта дневно троши Македонија

Вкупната потрошувачка  на електична енергија во Македонија во април годинава изнесувала 690.030 мегаватчасови.

Регистрирана е и вкупна потрошувачка  од 7.148 милиони нормални метри кубни природен гас, 729.060 тони јаглен и 80.246 тони нафтени продукти, објави денеска Државниот завод за статистика. Тоа покажува дека дневно, Македонија троши над 2674 тони нафтени продукти или над 111 тони на час. 

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 71,6 проценти во бруто-домашната потрошувачка  на електрична енергија, а 96,8 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија

25.06.2014 - 13:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега