Обвинет во случајот Монструм со една, брат му со друга приказна
Еден од браќата на Фејзи Азири, кој е обвинет за тероризам во случајот „Монструм“ денеска сведочеше во Основниот суд Скопје 1, пренесе Плусинфо.
Братот на Азири потврди пред судот дека Фејзи ноќта кога се случило убиството имал работа со извесен Горан од Скопје, кому требало да му врати 1.600 евра поради што се упатил кон населбата Раштачки пат каде живеел Горан, но сепак ова тврдење на братот на Азири не се совпадна со тврдењата на неговиот обвинет брат.
Сведокот рече дека неговиот брат ноќта сам, со возилото голф 3 тргнал по обиколница да му однесе пари на Горан, а дома се вратил во 21.45 часот.
- Настанот беше на таков ден што не може да се заборави, а ние сме голема фамилија и кога разбравме за што се обвинети и анализиравме како е можно да ги обвинат луѓето кои на тој момент биле на работното мест, изјавува сведокот, пренесува Плусинфо.
Денеска како сведоци треба да бидат ислушани и братот на обвинетиот Алил Демири, како и другиот брат на обвинетиот Фејзи Азири.