Над два милиони пликoa ќе учествуваат во „Фискална во рака - награда без мака“
Над два милиони пликоа ќе учестуваат во извлекувањето на наградната игра „Фисклана во рака - награда без мака“ што ќе се одржи во понеделник, на 30 јуни 2014 година.
- Овојпат повторно имаме стан во Аеродром од над 50 квадрати, исто така дуќан во Аеродром, автомобил „пежо 208“ и други бројни награди ваучери од 1.000 денари до 1.000 евра. Само за овој месец се пристигнати над 300 илјади плика, а бидејќи во извлекувањето ќе учестуваат сите претходно неизвлечени пликови од февруари до јуни практично над два милиони плика ќе бидат во игра за добивање на овие вредни награди на играта, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска одговорајќи на новинарско прашање по присуство на потпишување Договор за финансирање на втората фаза од Проектот за изградба на нова зграда за ОУ „Живко Брајковски“ во Бутел.
Ова е седмо извлекување од наградната игра „Фискална во рака - награда без мака“. Досега од наградната игра, чиј приредувач е Државна лотарија на Македонија под покровителство на Министерство за финансии, се доделени еден стан, еден деловен простор, пет автомобили и 750 вредносни ваучери од 60.000 до 1.000 денари.
Во пресрет на седмото извлекување, Државна лотарија на Македонија од организира карван во рамки на кој се поставени пунктови со наменски кутии на повеќе локации во повеќе населени места.
Карванот тргна од Куманово, а ќе заврши во Струга и Охрид на 29 јуни 2014 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа