ФОТО: Се обложил дека Суарез ке гризне некој од италијанците - добил 5600 долари
Потегот кој што Суарез го направи на мечот со Италија кога го гризна Џорџо Келини, верувале или не му донесе среќа на Норвежанецот Томас Суверсен. Имено Томас се обложил на овој меч, но не на резултатот туку на потегот на Уругваецот, дека вампирски ќе го нападне италијанскиот дефанзивец. Томас заработи 5600 долари благодарение на ваквиот потег.
Доколку Суарез заработеше црвен картон, епилогот од овој меч можеби ќе завршеше поинаку. Вака сега Италија е елиминирана, а на Суарез според последните информации му се заканува двегодишна суспензија. Останува да се види дали играчот на Ливерпул ќе ја добие заслужената казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа