Девојче испрати писмо со искрена желба до Google- повратниот одговор и го разубави денот
Навидум Google е огромна индустрија во која работат роботи, но во суштина има луѓе со вистинско срце кое особено не може да одолее на искрени детски писма.
Едно девојче, чиј татко работел како графички дизајнер во Google, со боичка на лист хартија му напишала кратко писмо на неговиот директор.
Она што таа го побарала било слободен ден во среда за нејзиниот татко бидејќи секогаш добива во сабота, но оваа среда му е роденден и затоа што е лето.
Ваквото искрено детско писмо не ги оставило рамнодушни надредените во Google, па не само што му дале слободна среда, туку и цела слободна недела.
Покрај тоа ѝ вратиле писмо со одговор на малата Кејти во кое ѝ кажуваат колку е вреден и заслужен нејзиниот татко, кој дизајнирал илјадници убави работи што ги гледа целиот свет.
Сепак, да се има ваква ќерка е најголемото богатство кое ни Google не може да го замени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа