Попоски на состанок на министри на Северноатлантскиот совет на НАТО

 

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе се обрати на состанокот на министрите за надворешни работи на Северноатлантскиот совет на НАТО во ИСАФ формат.

На состанокот ќе биде разгледана актуелната политичко-безбедносна состојба во Авганистан, а воедно ќе се разменат и мислења за натамошните активности на земјите-членки и оперативните партнери на НАТО по завршувањето на ИСАФ мисијата кон крајот на оваа година.

25.06.2014 - 09:16
Фото: 
влада
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега