Сонце и 36 степени! - уживајте

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од западен правец. Попладне и понатаму ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 30 до 36 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен повремено засилен југозападен ветер. Попладне ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во четврток и петок во попладневните часови и понатаму ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

За време на викендот стабилно, сончево и убаво време. 

25.06.2014 - 09:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега