За една недела во Украина загинале 423 луѓе
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека 423 луѓе се убиени во периот од 15 април до 20 јуни во источниот дел на Украина.
Помошник-генералниот секретар на ОН за човекови права Иван Шимоновиќ пред Советот за безбедност изјави дека бројката за загинатите војници и цивили се заснова на официјални извори.
Тој посочи и дека бројот на Украинци кои ги напуштиле домовите во последните недели е двојно зголемен и изнесува 15.200 луѓе за Доњецката и Луганската Област.
До 23 јуни Агенцијата на ОН за бегалци идентификувала над 46.100 внатрешно раселени луѓе - 11.5000 од Крим и вкупно 34.600 во источна Украина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа