ВИДЕО: Јас те направив тебе, но ти ме направи татко
Никој не се сомнева во незаменливата улога на мајката во животот на детето. Но, сте се запрашале ли дали не ја потценуваме важноста на таткото во развојот и едукацијата на детето?
Ново креативно видео ќе ви покаже колку магични можат да бидат моментите татко-дете и какви мисли минуваат низ главата на грижливите татковци. Во видеото, кое всушност е реклама на компанија за носилки за бебиња, повеќе татковци ја опишуваат својата улога во животот на нивното дете, но и кажуваат како им се променил животот по добивањето на титулата „родител“.
Врската татко-дете несомнено може да биде прекрасна. Еве еден доказ, кој ќе ви ги насолзи очите, а ако сте родител, ќе ве натера повеќе да ја цените улогата на „тато“ во животот на вашето најмило:
Јас и ти сме заедно во ова.
Цел живот ќе ти помагам да откриеш кој си.
Ќе имам шанса да ти покажам што сакам и ќе те научам да веруваш во себе. Ќе те научам да бидеш љубопитен, да размислуваш, да сонуваш, да го ставаш едното стапало пред другото...
Ќе те научам да стануваш, да се обидуваш повторно, да бидеш храбар, да бидеш човек, да бидеш дел од овој голем свет...
Јас сум твој пример, твој пријател, твоја перница, твој херој.
И знаеш што? Ти си мој исто така. Ме научи да го забавам темпото, да бидам восхитен – од тебе, од животот.
Ме научи како да ги прередам сите свои приоритети, дека моето срце може да постои надвор од моето тело и дека можам да го држам во своите раце.
Ме научи дека знам што правам. Можеби. Или можеби не е важно.
Од тебе научив да бидам гласен, и слободен, и будалест. Ти и твоите прегратки и твојата љубов, ти ја скрши мојата тврда школка, ја исчисти мојата грубост и ме научи дека да си маж не значи секогаш да си мажествен.
Кога пристигна во мојот живот, ми овозможи прием во најголемиот клуб на светот.
Ти ме направи татко.
Извор: Фемина
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа