Владата ќе вработува млади лица од социјално загрозени семејства

Владата ќе даде поддршка за вработување на младите лица на возраст од 19 до 29 години од социјално загрозени семејства

За оваа намена ќе се издвојат 3 милиони евра.

-Програмата опфаќа субвенционирање на работодавачите кои ќе вработаат лица од социјално ранливо семејство и е на возраст од 19 до 29 години. Во рок од 6 месеци, за секое лице кое ќе биде ангажирано, државата на потенцијалниот работодавач ќе му исплаќа 14 илјади денари наменета за задоволување на бруто-платата на ангажираното лице, како и 3 илјади денари- средства кои се даваат по основ на мотивација на работодавачот, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Во првата половина од месец мај, Агенцијата за вработување ќе распише оглас на кој сите заинтересирани работодавачи ќе може да ги пријават своите потреби за ангажирање на лица, а вакви огласи ќе се распишуваат на два месеци во текот на две години.