Дебелите луѓе потешко наоѓаат работа
Според поседното истражување што Галуп го спроведе во САД дебелите луѓе подолго време остануваат невработени.
Експертите од Галуп веруваат дека причината за тоа е што претпоставените очекуваат дека дебелите лица имаат повеќе потешкотии со здравјето и поради тоа ќе користат боледување.
Покрај тоа, претпоставените во индустријата кои се потпираат на мануелна работа се помалку склони кон вработување дебели лица затоа што веруваат дека се помалку ефикасни во извршување на таквата работа.
Од друга страна, истражувањата покажуваат дека невработеноста или загубата на работното место го зголемува ризикит за таложење вишок на килограми и депресија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа