Вооружен напад во Мајами - две лица загинаа
Најмалку две лица загинаа, а неколкумина други се ранети денеска при напад во градот Мајами во американската сојузна држава Флорида.
Полицијата информира дека инциднетот се слулил во населбата Либерти Сити, но дека засега нема податоци за точниот борј на жртви, бидејќи некои ранети лица „сами отишле во болница“.
Претставник на противпожарната служба соопшти дека на местото на нападот се собрала поголема толпа луѓе.
Детали за инцидентот и мотивите за нападот засега не се познати, а нема информации ниту за здравствената состојба на ранетите.
24.06.2014 - 16:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа