Напад на паника принуди авион да слета во Атина

Како што пренесуваат грчките медиуми, авион на компанијата „Рајан Ер“, кој летал од Солун за Кипар, денеска принудно слета во Атина, откако патник добил напад на паника.

Сведоци изјавиле дека патникот стоел пред пилотската кабина и барал да влезе во неа, тврдејќи дека е механичар на авионот.

Членовите на екипажот и патниците успеале да го совладаат мажот, а авионот го сменил правецот и слетал во Атина. Останатите патници подоцна го продолжиле летот за Кипар.

24.06.2014 - 16:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега