Најголемиот нарко бос во Србија живее во замок

61- годишниот Драгослав Космајац пред некое време беше именувван како нарко-бос од страна на српскиот премиер Александар Вучиќ.

Српските медиуми по изјавата на Вучиќ ја истражија неговата работа и неговиот имот.

РТС објави дека 61- годишнииот паметно работел со својот бизнис. Тој не доаѓа во директен допир со наркотиците, ниту со личностите кои непосредно ја вршат дистрибуцијата. Всушност, тој ретко и се појавува во јавноста и затоа неможат да се најдат премногу фотографии од него.

Неговиот имот е проценет на пет милиони евра, а Блиц објави фотографија на која е подетално е објаснето што сè опфаќа истиот. Внатрешноста е заштитена со бетонски ѕид од над три метри. Замокот е на шест ката и се протега на 2.500 метри квадратни. Имотот има и базен, спортска сала, посебна куќа за послугата…

24.06.2014 - 15:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега