Сакал да направи совршено селфи - го удрила струја од 25.000 волти!

Вистинска драма се одвивала вчера во Чачак. Имено, според податоците на српскиот портал Ало, 18-годишниот М.Н. синоќа за влакно и побегнал на смртта со која се соочил бидејќи верувале или не, сакал да си направи совршено селфи за на Фејсбук.

Момчето со двајца другари било близу железничката станица, а во еден момент се качил на цистерна со цел да направи совршена селфи фотографија, кога случајно со раката се допрел за жици со висок напон при што го удрила струја од 25.000 волти.

Пријателите веднаш повикале Брза помош, па така момчето било спасено иако има изгореници по телото од втор и трет степен.

Моментално пациентот е во стабилна состојба.

24.06.2014 - 14:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега