Млада мајка почина од лекарска грешка
33- годишна мајка почина од рак откако нејзините доктори во болницата и кажале грутката на градите да ја третира со масло од јаглика.
Самина Чондри од Нортхемптон, во Англија, во неколку наврати ги предупредила лекарите дека маслото не помага, но тие дури после две години направиле биопсија.
Ракот веќе толку напреднал така што не можел да се третира со терапија. Скенерот и магнетната резонанца покажаа и метастази во мозокот.
„Кога конечно е дијагностициран ракот, веќе било премногу доцна. Почна да губи крв. Тоа беше страшно, а мојата сопруга немаше шанси”, изјавил нејзиниот сопруг Мухамед.
За време на нејзината болест, таа продолжила да оди на работа и да им помага на родителите и децата. Одлучила да умре дома и дневната соба е претворена во импровизирана болница. За еден месец, Самина починала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа