Сладолед од јагода и банана
Направете вкусен сладолед од јагода и банана, еве што ви е потребно:
Состојки:
150 г јаготки
120 мл јогурт
2 супени лажици мед
½ банана
Подготовка:
Во блендер изблендајте ги јаготките заедно со 1 лажица мед. Во мал сад полејте го јогуртот и додајте една супена лажица од пирето од јаготки и уште една лажица мед. Наполнете ги пластичните чаши со смесата од јогурт и јаготки, наизменично додавајќи парчиња јаготки и банана.
Во средина на секоја од чашите ставете дрвено стапче и оставете да отстојат во замрзнувач 4 часа. За да ги одделите сладоледите од чашите, поставете ги под млаз жешка вода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа