Претпладне сонце, попладне дожд - температури до 31 степен

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне особено во западните и северните делови ќе има локален краткотраен дожд и можност за ретка појава на грмежи.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне особено во вечерните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 29 степени. 

најчитано сега