Македонски доктор спаси живот и по својата смрт

„Ако паднам во кома да ги подарите моите органи на болни на кои им требаат“. Ова било последната желба на 53-годишниот лекар пред да почине, кому семејството му ја исполнило желбата, со што се создале услови на Клиниката за урологија да се изведе кадавер-трансплантација или пресадување на органи од починато лице. Како што пишува Утрински весник, постапката за дарување на бубрезите од кадаверот се случила пред околу една недела, кога лекарот по компликациите од мозочна болест, завршил на Клиниката за анестезија и интензивна нега, а откако на семејството му било соопштено дека нема спас, поради неговата желба, било решено да се даруваат органите.

Националниот координатор за трансплантација д-р Аспазија Софијанова, потврди дека за новата кадавер-трансплантација немала тешкотии во убедувањето и преговарањето со семејството за донирање на бубрезите.

-Првпат се соочивме со едно семејство кое давањето согласност за донирање на органите ја правеше со длабока свесност и позитивна енергија, изјави д-р Софијанова.

Несреќата за едното семејството донесе среќа на други две семејства. Бубрезите се подарени на двајца кои биле на дијализа. По една недела од пресадување на органите, пациентите со пресадените бубрези се во стабилна здравствена состојба.

Повеќе прочитајте на Утрински.

24.06.2014 - 09:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа