Во 13 часот Груевски и Заев на иста маса

 

Во 13 часот во Клубот на пратеници лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Претседател на македонската Влада, Никола Груевски ќе оствари средба со опозицискиот лидер Зоран Заев. На средбата ќе се разговара за надминување на полтичката криза во која се наоѓа Македонија по одлуката на опозицијата да го напушти Собранието, по поразот на изборите

- Очекувам да почнат разговори со коишто СДСМ кога ќе завршат разговорите ќе престане да и прави штета на Република Македонија и на сите граѓани во неа, изјави Груевски одговарајќи на новинарско прашање на вчерашната прес-конференција.

Груевски на годишнината на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на политичката сцена мора да се закопаат секирите и да се намали јазот помеѓу политичките конкуренти оти е подготвен да и подаде рака на СДСМ за да престане деструктивното однесување за државата и за граѓаните.

- Јас сум спремен да им понудам пакет кој ќе ги адресира сите нивни грешки исто како што го прифативме на нивно барање она понижувачко обележување со мастило само за да се уверат дека нивниот неуспех не лежи во тоа. Единствено што барам од нив е да престанат со ова деструктивно однесување за државата и за сите граѓани во неа, рече премиерот. Неколку дена подоцна тој му понуди средба на Заев.

Лидерот на опозициската партија ја прифати понудата и на прес-конференција ги повтори барањата за формирање техничка влада што ќе спроведе слободни, фер и демократски избори, одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и прецизирање на Избирачкиот список и спроведување попис.

СДСМ, која не ги призна изборите, според него нема да се врати во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање Груевски вчера рече дека не смета дека техничка влада е решение за излез од оваа ситуација.

 

На предвремените парламентарни избори во Македонија што се одржаа на 27 април, владејачката ВМРО-ДПМНЕ имаше предност од околу 200.000 гласови повеќе СДСМ, која е во опозиција од 2006 година. 

24.06.2014 - 09:16
Фото: 
вмро-дпмне
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега