До пладне ќе се дружиме со сонцето

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и потопло. Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 28 до 34 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а попладне со развој на нестабилна облачност и со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 32 степени.

Индексот на УВ-зрачењето ќе изнесува 8.

24.06.2014 - 09:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега