Утре пекол - попладне услови за невреме

Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево и топло со темератури до 34 целузиусови степени.

vreme500

Попладне ќе настапи дестабилизација на атмосферата со локален дожд и грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме.

Ќе дува умерен, кон крајот на денот во западните делови и засилен ветер од западен и југозападен правец.

Во Скопје претпладне сончево и топло, а попладне со развој на нестабилна облачност и со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 32 степени.Индексот на УВ-зрачењето ќе изнесува 8.

23.06.2014 - 21:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа