30.000 денари за ергените над 35 години кои ќе се оженат

Ергените од Дебарца ќе добијат 30 000 денари за склучен брак вака одлучи советот на последната седница на оваа општина се со една идеја потикнување на сите оние кои имаат над 35 години што поскоро да стапат во брак a воедно и зголемување на наталитетот. Дебарца е една од помалите општини во државава со 5500 жители но по површина една од најголемите со 30 населени места.

По примерот на останатите општини кои ги субвенционираа неженетите истото ќе го применува и Дебарца.

Станува збор за еднократна помош, која ќе ја добијат по стапувањето во граѓански брак. Со доставување документ во општинските служби, ергените кои ги исполнуваат условите, ќе го добијат паричниот надомест.

 

 

23.06.2014 - 20:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега