Од следната недела по 8.500 денари - до сега К15 земале само 5.000 работници

Приватните  фирми  имаат  уште една недела да се подготват и да ја исполнат законската обврска  - на работниците да им исплатата к-15. Според инфомрациите на надлежните,  фирмите  пак кои и досега го правеа тоа иако немаа обврска веќе на контата на  своите работници  имаат  префрлено регрес за годишен одмор.

Бројката на исплатени со околу 4 до 5 илјади работници, а очекуваме да нема проблеми во исплаќањето и кај останатите фирми кои традиционално го исплаќаат К15 додека за останатите фирми започнува обврската да се исплати регресот кај сите оние кои 6 месеци имаат работен однос, вели Живко Митревски, Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија

Ова право од годинава го имаат околу 300 000 работници  кои се вработени во приватниот сектор.

Директно и на терен ќе делуваме на терен, значи ќе имаме едно работно лето, вели Митревски

 

Со општиот колективен договор за стопанисување,  висината на надоместокот е утврдена на најмалку 40 проценти од просечната републичка нето плата исплатена во претходниот месец или 8500 денари.  За  фирмите кои нема да ја исполнат обврската предвидена е парична казна од 3000 до 4000 евра .  И тоа од  2000 до 3000 евра  за правнотот лице и од 500 до 1000  евра за одговрорнотот лице.

23.06.2014 - 20:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа