Смртоносен стршлен му се заканува на Балканот!

Во Словенија е забележан т.н. азиски стршен, чиј убод е смртоносен, а кој во Европа првпат се појавил пред десетина години.

Големиот азиски стршен може да порасне до шест сантиметри, многу е опасен и може да предизвика смрт и кај лица кои не се алергични на убод од пчели, објавија словенечките медиуми.

Овој вид на стршен има портокалова глава со голем црн заб за боцкање, со кој е во состојба да предизвика застрашувачки убоди кои наликуваат на рани од куршум.

За азиските стршени се претпоставува дека се едни од најсмртоносните инсекти. Тие летаат со брзина од 60 километри на час и за еден ден можат да прелетаат растојание од 100 километри.

Тие живеат на подрачје од сибирска Русија, преку Кина и Јапонија до Индија и Шри Ланка.

Стршенот може да убие 40 обични пчели во една минута, бидејќи тие, за разлика од азиските, немаат ефикасни методи за заштита.

Стршените напаѓаат во роеви, а само неколку убоди кај луѓето можат да предизвикаат прекин на работата на бубрезите, но и смрт, несвестица, намалување на притисокот и отежнато дишење. Посебно се агресивни во есен кога се оплодуваат.

Минатата година азиските стршени усмртиле над 40 луѓе во Кина.

23.06.2014 - 17:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега