Парична стимулација за лекарските тимови кои ќе вршат трансплантации

 

На првата седница на Влада е донесена одлука за обезбедување на дополнителни финансиски средства за лекарските тимови кои ќе извршуваат трансплантација на органи.

-Лекарските тимови ќе добиваат финансиски средства во висина од две празнични дежурства, односно околу 12.000 денари за лекарите и 6.000 денари за сестрите и другиот помошен персонал, рече министерот за здравство Никола Тодоров, според кој целта е зголемување на катаверичните транспланатации, како и трансплантациите од жив донор, особено за бубрежно болните.

Ресорниот министер нагласи дека бројот на трансплантации на органи во последните години драстично се зголемил, такашто ако пред 2012 година на годишно ниво с еправеле околу девет трансплантации на бубрег, во 2012 биле направени вкупно 23 трансплантации, а во 2013 дури 35 трансплантации.

За таа цел само за ова година се предвидени пет милиони 149 илјади денари наменети за стимулација на целиот персонал кој ќе учествуваа во процесот на трансплантација, а средствата ќе бидат обезбедени преку Програмата за трансплантација на Министерството за здравтсво.

23.06.2014 - 14:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега