Како мажите бираат сопруга, а како љубовница?
Секој маж има различни критериуми за избор на жени или љубовници, а главниот критериум по кој се одлучуваат мажите се цртите на лицето, покажува истражувањето спроведено на Универзитетот Стирлинг.
Колку тоа и да звучи чудно, женствените црти на лицето, прецизни, полни образи и помала вилица даваат нежен изглед кој мажите редовно го поврзуваат со доброто здравје, атрактивност и младост – карактеристики за љубовници.
Ваквиот изглед обично го имаат жените со високо ниво на естроген, а посебно се привлечни за мажите кои имаат повеќе партнерки.
Спротивно на нив, жените со поизразени и построги црти ги потсетуваат на зрелост и сигурност, поради што почесто ги бираат за сопруги.
Покрај тоа, нежните ликови повеќе им се допаѓаат на мажите кои за себе мислат дека се атрактивни, но кај жените е сосем поинаку – ним за авантури им се попривлечни мажите со груби црти на лицето, така што убавите не се најдобар материјал за љубовници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа