Филе нема да присуствува на претседателскиот Самит во Охрид

Комесарот за проширувањето на Европската унија, Штефан Филе во петок доаѓа во Македонија за да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи од Процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа, пишува МИА.

Портпаролот на Филе, Петер Стано, потврдил дека првиот човек за проширување на Унијата на 31. мај ќе пристигне на состанокот на министрите во Охрид и вечерта веднаш ќе се врати назад во Брисел. Според најавите, Филе ќе им се обрати на присутните шефови на дипломатиите на државите од Југоисточна Европа и ќе побара а од нив тесно да соработуваат во овозможувањето на останатите држави од регионот да и се приклучат на ЕУ.

По завршување на состанокот, тој, и покрај очекувањата, поради обврски нема да остане во Охрид за Самитот на претседателите на земјите од ПСЈИЕ што ќе се одржи во сабота.

најчитано сега