Црна Гора предлага формирање заедничка балканска полиција

 

Црна Гора предлага формирање на заедничка полиција на балканските земји - БАЛПОЛ, која би била уште една форма на регионалната соработка, објави денеска подгоричкиот весник „Дневне новине“.

Според идејата на црногорската Влада, во БАЛПОЛ покрај Црна Гора би партиципирале и Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Според „Дневне новине“, шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ ваквата идеја неодамна во Брисел му ја претставил и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.