Пожарникарите и АРМ учат како да се справуваат со големи огнени стихии

Денеска во прилепската касарна „Мирче Ацев“ противпожарната единица заедно со војниците и старешините од касарната ја почнаа првата дводневна обука за заедничко дејствување при големите огнени стихии.

Од противпожарната единица велат дека се подготвени за интервенции во летниот период кога опасноста од пожари на отворено е најголема.

Минатата недела противпожарната единица доби 21 комплетна униформа за заштита при интервенции, а за повеќе од еден месец треба да се смести во обновените простории во поранешното средно училиште „Ристе Ристески Ричко“.

најчитано сега